Утрински Весник
Свет

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати

Zemjotres.webp.webp

Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија.

Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот бил во море, околу 30 километри североисточно од Нагекео, во покраината Источна Нуса Тенгара.

По главниот удар, регистрирани се неколку последователни потреси, вклучувајќи еден со интензитет од 6,1 степени.

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата