Утрински Весник
Македонија

Земјотрес го стресе Скопје – 24info.mk

Zemjotres2.jpeg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија вечерва, на 5 јануари 2025 година во 23:12 часот, регистрираше земјотрес со епицентар 24 километри северозападно од Скопје. Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Земјотресот е почувствуван во градот Скопје и во северозападните делови на земјата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Нема информации за причинета материјална штета. Сеизмолошката опсерваторија продолжува со следење на состојбата.


Можете да прочитате

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“

(Видео) Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

Латас до Костадинов: Поттикот за убиство извршено од друг е кривично дело