Утрински Весник
Свет

Стејт департмент: Претседателот е задоволен од прекинот на огнот

Stejt department.jpg

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е задоволен од прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.

„Мислам дека кога ќе се погледне начинот на кој се одвиваше денот, имаше одредена активност од двете страни, но тоа сега престана и прекинот на огнот е на сила“, рече таа.


„Претседателот е задоволен. Затоа мислам дека можеме да го земеме тоа како показател за неговите чувства во овој момент“, додаде Брус.

Можете да прочитате

Кинески владин службеник осуден на смрт поради шпионажа

Единаесет загинати во судир на автобус и камион во Обединетите Арапски Емирати

Остри реакции на конгресмени на двете партии на враќањето на Хуанг во „Енвидија“