Утрински Весник
Свет

Зеленски: За 10 дена ослободивме 2.000 квадратни километри окупирана територија

Зеленски: За 10 дена ослободивме 2.000 квадратни километри окупирана територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана територија од почетокот на контранападот овој месец.

dobivaj vesti na viber

„Во овој момент можам да потврдам дека благодарение на акциите на украинската армија од почетокот на септември се ослободени околу 2.000 квадратни километри од нашата територија“, рече Зеленски.

„Нема и нема да има место за окупатори во Украина“

Тој особено им се заблагодари на единиците на украинската армија кои, како што рече, „се истакнале во регионот Харков“ и на оние кои „ја вратиле целосната контрола над градот Балаклија“.

Претходно Русија најави повлекување на своите сили од регионот. Зеленски повлекувањето на руската армија го нарече добра одлука.

„Нема и нема да има место за окупатори во Украина“, рече тој.

Можете да прочитате

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Ново правило за летовите до Турција – следи казна ако го направите ова

Белгиското Обвинителство побара одземање на имунитетот на петмина европратеници во врска со случајот „Хуавеј“