Утрински Весник
Свет

Зеленски во Германија – 24info.mk

Zelenski45 1.jpg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Германија, каде што ќе се сретне со американскиот преговарачки тим и со европски лидери за продолжување на мировните преговори.

– Веќе сум во Германија. Денешната програма вклучува состанок со американскиот преговарачки тим. Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството од Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се повтори. Сметаме на конструктивни преговори, напиша Зеленски на Телеграм.

Претходно, тој изјави дека сè уште не добил официјален одговор од Соединетите Американски Држави на најновите украински предлози за мировен план. Денот во Берлин Зеленски го опиша како „украинско-американски ден“, кој ќе вклучува и средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и други европски лидери.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд