Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск

Video Zelenski Novite Sankcii Na Evropskata Uni A E Gi Namalat Qh0yydrxtoov6we7faz3vbl485tsswqea4ubp6871c.jpg

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, иако руската армија се обидува да ги врати назад.

– Во врска со операцијата Курск, Русија се обиде да ги потисне нашите позиции, но ние се држиме, изјави Зеленски во вечерното радио обраќање.

Руската армија на почетокот на неделата соопшти дека вратила две села во Курската област и најави дека ќе продолжи со акциите за истиснување на украинските сили од нејзината територија.

Зеленски призна дека украинскиот упад во регионот Курск во август беше осмислен за да се повлечат руските војници од позициите во источна Украина, каде што напредуваа изминатите месеци.

Зеленски се надеваше дека со нападот врз Курск ќе се создаде тампон-зона во близина на границата, со што ќе се ограничи руското бомбардирање на украинските погранични места, а во исто време ќе ја принуди Русија да ги прераспореди своите единици, кои се во офанзива во близина на Доњецк и така ќе го забави нивното напредување.

Но, руските војници сè уште напредуваат во источна Украина, особено кон Покровск, клучен логистички центар за украинските сили.

Зеленски вчера истакна дека ситуацијата на украинските сили во источниот регион Доњецк и во јужниот дел на Запорожје е „многу тешка“. 

Можете да прочитате

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика

Штабот на Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи поради можен атентат од страна на Иран