Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит ако Русија покаже сериозност и волја

Zelenski.webp.webp

Украина е подготвена за средба на највисоко ниво со руското раководство доколку Москва навистина покаже сериозност и подготвеност за прекин на војната и воспоставување праведен и траен мир, изјави денес претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како одговор на изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека Русија е подготвена за преговори во принцип.

Како што објави агенцијата РБК Украина, Зеленски во објава на Телеграм изјави дека Киев ги поздравува напорите на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, со цел прекин на војната и постигнување стабилен мир, заблагодарувајќи им се на земјите што ги поддржуваат мировните иницијативи.


„Доколку пораките што доаѓаат од Русија навистина ја одразуваат подготвеноста за завршување на војната и воспоставување долготраен мир, а не само за купување време со цел продолжување на конфликтот и избегнување санкции, Украина ја потврдува својата подготвеност да се сретне со лидерите во секое време“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна