Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија подготвува дополнителна мобилизација од 300.000 војници на 1 јуни

Zelenski.webp.webp

Русија подготвува дополнителна мобилизација од 300.000 војници на 1 јуни, изјави денеска претседателот на Украина Володимир Зеленски по средбата со финскиот претседател Александар Стуб во Киев.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа колку регрути ќе бидат мобилизирани во украинската армија оваа година, Зеленски рече дека половина милион војници нема да бидат потребни, пренесе Интерфакс Украина.

„Кога станува збор за конкретната бројка на луѓе кои ќе бидат мобилизирани, не можам да кажам… Не ни требаат половина милион“, рече Зеленски.

Зеленски му се заблагодари на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, што извршил ревизија во армијата, за оние кои избегнале мобилизација да се најдат на фронтот.

Стуб и Зеленски денеска потпишаа Договор за безбедносна соработка и долгорочна поддршка меѓу двете земји, а Стуб ја објави и одлуката на Финска да му испрати на Киев помош во воена опрема во износ од 188 милиони евра.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена