Утрински Весник
Свет

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција

20221113195436 big 730x400 34.webp.webp

Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари кои беснеат на нејзината територија, посебно преку испраќање специјалисти за тој вид катастрофи, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон.

Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори во Белата куќа и во американскиот Сенат, во врска со тековниот конфликт со Русија.

Украинскиот претседател додаде дека за време на разговорот Макрон го спомнал прашањето за пожарите во Франција.

„Украина е секогаш подготвена да им помогне на оние кои нè поддржуваа во текот на овие години борба против руската агресија. Ѝ ја понудив нашата помош на Франција. Нашите специјалисти можат да се приклучат кон напорите за гаснење на пожарите“, додаде Зеленски.

Во Франција веќе со денови беснее огромен шумски пожар на југозападот, кај Бордо, каде што е евакуиран голем број мештани, мобилизиран е поголем број пожарникари и војници, а уништени се неколку десетици илјади хектари земјиште, во подрачје познато по лозовите насади.

Можете да прочитате

Италија усвои закон со кој на илјадници затвореници кои се зависници им се овозможува да ја издржуваат казната дома

Руска новинарка осудена на 12 години затвор под обвинение за предавство на државата

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност