Утрински Весник
Свет

Зеленски: Покана за членство во НАТО ќе ја донесе Украина до реален и праведен мир

Zelenski 1.webp.webp

Упатувањето покана до Украина за приклучување кон НАТО, ќе ја зајакне земјата политички и она што е уште поважно ќе ја донесе до реален и праведен мир, порача од Брисел украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Украина постигна нешто што до неодамна се чинеше невозможно – успеа да го запре рускиот масовен напад и да се одбрани од инвазијата. Останавме обединети и  ја зајакнавме нашата одбранбена способност и производството на оружје, истакна вечерва Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одржана пред заседанието на Советот за соработка НАТО-Украина во рамки на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата, што денеска и утре се одржува во Брисел.

Зеленски се заблагодари за доставеното оружје и опрема, како и за глобалната поддршка за Украина од целиот свет, како и за поддршката за обнова на нејзината инфраструктура уништена во руските напади во пресрет на зимата, потенцирајќи дека зајакнувањето на земјата не зависи само од доставеното оружје, туку и од искажаната волја и зачувувањето на единството за нејзина поддршка.

– Украина заедно со своите партнери знае како да ги постигне своите цели и тоа е најважно, рече Зеленски, додавајќи дека иако Украина се уште чека на целосно исполнување на ветувањата дадени на Самитот на НАТО во јули, таа им е благодарна на своите партнери за досега доделената поддршка, од која зависат животите на украинските војници на теренот.

Тој истакна и дека Украина еден ден сака да стане членка на НАТО и мора да се направи се за тоа да се случи, затоа што би било погрешно земјата да се остави надвор од Алијансата каде што и е местото.

– Затоа еден од главните точки во Планот за победа е покана за членство во НАТО. Ние Украинците покажавме дека можеме да се браниме, да споделуваме вредности и да се спротивставиме на Русија – најголемата закана за Европа и глобалниот мир, рече Зеленски, додавајќи дека според Повелбата на НАТО, секоја земја што може да се брани себеси и другите и ги споделува заедничките вредности може да се приклучи на НАТО.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа