Утрински Весник
Свет

Зеленски побара продолжување на вонредната состојба во Украина

Zelenski.jpg

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од украинскиот парламент да ги продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за уште 90 дена. Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година кога Русија ја почна инвазијата на Украина, а оттогаш оваа мерка неколкупати беше продолжена, пишува лондонски „Гардијан“. Украинскиот парламент последен пат ги продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во ноември 2023 година до 14 февруари 2024 година, а со усвојувањето на барањето на Зеленски овие две мерки дополнително ќе бидат продолжени до 14 мај. Заменикот Јарослав Железњак потсети дека украинскиот парламент ќе гласа за вонредна состојба 10-ти пат од почетокот на војната. Вонредната состојба предвидува сите мажи од Украина на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, да не смеат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена