Утрински Весник
Свет

Зеленски по говорот на Путин: Не верувам дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје

300x250 (7)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи по говорот на Владимир Путин и рече дека не верува оти Русија ќе употреби нуклеарно оружје и покрај заканите.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи за германски „Билд“, Зеленски исто така го повика Западот да не дозволи Путин да ги уценува.

300x250 (7)

Според него, делумната мобилизација покажува дека Русија има „проблеми со офицерите и другиот воен персонал“.

„Тој (Путин) гледа дека неговите единици едноставно бегаат. Путин сака да ја удави Украина во крв, но и во крвта на сопствените војници“, изјави претседателот на Украина.

Украинскиот претседател не планира да се откаже од повторното заземање на териториите окупирани од Русија.

„Ќе постапуваме во согласност со нашите планови чекор по чекор. Сигурен сум дека ќе ја ослободиме нашата територија. Референдумите се лажни референдуми и 90 отсто од државите нема да ги признаат“, посочи Зеленски.

Во врска со индиректната закана на Путин за употреба на нуклеарно оружје, Зеленски рече дека не верува во тоа.

„Не верувам дека ќе употреби нуклеарно оружје. Мислам дека светот нема да му дозволи да го направи тоа. Но, не знаеме што се случува во неговата глава, така што има одредени ризици“, истакна Зеленски.

Сепак, тој смета дека не треба да се попушти пред заканите на Путин.

„Путин утре може да каже: освен Украина, сакаме и дел од Полска, во спротивно ќе користиме нуклеарно оружје. Не можеме да се согласиме на такви компромиси“, заклучи првиот човек на Украина.

Изјавите доаѓаат откога Путин најави делумна мобилизација во Русија и предупреди дека Москва ќе биде подготвена да ги искористи сите расположливи средства за да ја заштити територијата поради заканите од Западот.

Ss1

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина

Кина го осуди одобрувањето на пакетот американска воена помош за Тајван

Русија: Вежбите на НАТО во Финска „го зголемуваат ризикот од воен инцидент“