Утрински Весник
Свет

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

5c22e2813fdd9da2620b546cd145a2ad 1659520027 Extra Large.jpeg

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска од Харков изјави дека се потребни неколку дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ за заштита на овој град од руските напади.

-Ситуацијата е многу сериозна. Не можеме да си дозволиме да го загубиме Харков… Се што ни треба се два системи Патриот. Русија нема да може да го окупира Харков ако ги имаме, рече Зеленски во интервју за ТВ каналот Еј-Би-Си Њуз, за време на посета на една од болниците во Харков.

Според него, во текот на изминатите неколку дена, стотици луѓе се убиени или повредени во офанзивата на руските сили во областа Харков.

-Многу од нив беа војници од регионот и затоа беше важно претседателот да биде таму и да ги поддржи, додаде Зеленски.

На прашање на новинарите дали САД се виновни за тоа што се случува во Харков, Зеленски одговори: „Целиот свет е виновен. Тие му дадоа на Путин можност да ја окупира украинската територија. Но, сега светот може да помогне “, истакна украинскиот лидер.

На забелешката на новинарот на Еј-Би-Си Њуз дека многу Американци се загрижени за тоа колку пари се трошат за Украина, Зеленски кажа дека овие пари не се трошат во Украина, туку во американски фабрики и дека Украина не се бори само за својата слобода.

-Овие пари не се префрлаат во Украина. Тоа се пари потрошени во американски фабрики за создавање американски работни места… И ние не се бориме само за нашата слобода. Да не беше Украина, тоа ќе беше друга земја, изјави претседателот.

Зеленски денеска во Харков одржа состанок на штабот на врховниот командант и ги посети ранетите бранители во болницата.

Можете да прочитате

Шпанија го прекина прогонот на Каталонците кои организираа референдум за независност

Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ

Фајненшл Тајмс: НАТО не може да ја заштити Источна Европа