Утрински Весник
Свет

Зеленски: Мир со Русија може да биде постигнат само со наша победа на бојното поле во Украина

(Видео) Зеленски: Нема договор со Путин, нема да дадеме ниту дел од територијата
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека единствениот услов под кој е можно да се постигне мир со Русија е победа на бојното поле во земјата, пренесе агенцијата УНИАН, повикувајќи се на неговата изјава за време на посетата на селото Јагодно во областа Чернихивска.

dobivaj vesti na viber

-На кој начин може да се постигне мир со Русија? Само со победа на бојното поле во нашата земја, да се запре Руската Федерација, рече Зеленски.

Според него, во спротивно, по Украина, Русија ќе тргне кон Европа.

-Веќе можете да го видите резултатот од тоа што окупаторите им го прават на градовите во нашата земја, кажа украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека за да ја постигне оваа цел, на Украина и треба се што нејзините партнери имаат и можат да обезбедат како помош во оружје и муниција. Тој изрази благодарност до сите партнери за веќе дадената поддршка, која ќе помогне да се спасат животите на Украинците.

 

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот