Утрински Весник
Свет

Зеленски го повика НАТО: Покажете дека не се плашите од Русија

Зеленски го повика НАТО: Покажете дека не се плашите од Русија
300x250 (7)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју објавено денеска го повика НАТО „да покаже дека не се плаши од Русија“.

dobivaj vesti na viber

Зеленски го изјави ова како одговор на прашањето дали добил некаков одговор од Северноатлантскиот договор за барањето за членство, односно кога очекува одговор на НАТО на барањето на Украина.

Ss1

„Мојата клучна порака до НАТО е – не треба да се плашите од никого“, рече тој.

Зеленски истакна дека „важно е да се договорат безбедносни гаранции за целиот свет, така што никој не ни помислува да стане автократ, па дури и да е автократ, да не ни помисли дека може да освои туѓи територии“.

„НАТО не е толку силен во Источна Европа без Украина“

„За тоа е потребно единство. Мислам дека без Украина, алијансата не е толку силна, особено не на европскиот континент. Мислам дека (влезот на Украина во НАТО,) е важен чекор за силата на алијанса во Источна Европа. На НАТО му ја нудиме таа шанса и благодарни сме за неговата поддршка“, рече Зеленски и го повика НАТО „да покаже решителност“.

„Не само Украина мора да ја покаже својата сила на Русија, туку и НАТО мора да го направи тоа, мора да покаже дека не се плаши од Русија. Знам дека сите разбираат дека безбедносните гаранции се нешто што и треба на Украина. Мислам дека сме на тој пат , ние дефинитивно сакаме да одиме на тој начин. За жал, колку брзо ќе оди не зависи само од Украина“, рече тој,пренесе Индекс.хр.

Ss1

Можете да прочитате

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници