Утрински Весник
Свет

Зеленски ги повика членките на Арапската лига да го поддржат неговиот мировен план

Зеленски ги повика членките на Арапската лига да го поддржат неговиот мировен план

На самитот на Арапската лига (АЛ), украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите-учеснички да ја поддржат неговата мировна иницијатива за ставање крај на војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Зеленски пристигна во Џеда со авион на француската влада и ова е негова прва посета на Саудиска Арабија во својство на претседател на земјата.

Во своето обраќање тој рече дека секој пратеник ќе го добие текстот на мировниот план од 10 точки и ги повика да соработуваат со Украина директно, без посредници.

„Ве повикувам сите вас кои го цените мирот да се придружите на имплементацијата на оваа мировна формула и на тој начин да придонесете за намалување на непријателството, војните, страдањата и злото. Русија е слаба, ја победивме кога имаше повеќе оружје во рацете. Нејзината агресивност не доаѓа од силата, туку од разбирањето дека времето на империите помина“, рече Зеленски.

Како добар пример за формула за мир од која другите можат да имаат корист, вклучително и земјите од Арапската лига, тој ја спомена Црноморската иницијатива за жито, која и овозможи на Украина, важен извозник на жито, да продолжи со извозот на глобално ниво.

Црноморскиот договор за извоз на украинско жито беше продолжен во средата за уште два месеци, со помош на ОН и Турција.

Освен поентата за безбедноста на храната, мировниот план на украинскиот претседател вклучува и повлекување на сите руски војници од украинска територија, ослободување на сите украински воени заробеници и „радијациона безбедност“ во окупираната нуклеарна централа.

Зеленски и се заблагодари на Саудиска Арабија за помошта во ослободувањето на некои воени затвореници и повика на заштита на украинското муслиманско малцинство – Кримските Татари.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изрази подготвеност да посредува меѓу Русија и Украина.

По самитот на Арапската лига, Зеленски отпатува на самитот на Г7 во Хирошима.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран