Утрински Весник
Свет

Зеленски: Би сакал Јапонија и Јужна Кореја да испратат оружје во Украина

Зеленски: Би сакал Јапонија и Јужна Кореја да испратат оружје во Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека би сакал Јапонија и Јужна Кореја да испратат оружје во Украина, но разбира дека „постојат правни и уставни тешкотии“, пишува „Си-Ен-Ен“.

dobivaj vesti na viber

„Од клучно значење е да се почитува Повелбата на ОН и меѓународното право. Русија нема шанси да постигне решение по дипломатски пат се’ додека нејзините трупи се на наша територија и го нарушуваат нашиот територијален интегритет и суверенитет“, рече тој на прес-конференција на самитот на Г7 во Јапонија.

„На сите им е јасно дека не сакаат ништо со Русија се’ додека нејзината војска е на територијата на Украина“, додаде тој.

Можете да прочитате

Трамп имал продуктивен разговор со Зеленски, потврди Белата куќа

Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Протекоа детали за голем пресврт во изборот на новиот папа: Овој кардинал предводен од 49 гласа, отишол на ручек, а потоа…