Утрински Весник
Свет

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја поддржува иницијативата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган да се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Турција, јави Укринформ.

Тој на вчерашната прес-конференција во Киев рече дека без таков состанок нема да има прекин на огнот.


-Ја поддржувам средбата на ниво на лидери бидејќи имам впечаток дека нема да има прекин на огнот пред нашата средба, рече Зеленски.

Белата куќа претходно објави дека Трамп е отворен за поканата на турскиот претседател Ердоган за одржување трилатерални мировни разговори во Турција со руските и украинските лидери.

Ердоган претходно изјави дека Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу Путин и Зеленски во Анкара или Истанбул, додавајќи дека ќе го покани и американскиот претседател на средбата.

По втората рунда преговори во Истанбул, шефот на украинската делегација, министерот за одбрана Рустем Умеров, изјави дека Киев верува оти сите клучни прашања во преговорите за потенцијално примирје со Русија можат да се решат на ниво на лидерите на земјите и дека предлага таков состанок да се одржи до крајот на месецот.

Можете да прочитате

Одземен е пратеничкиот мандат на Марин Ле Пен

Путин со папата Лав XIV: Украина има намера да го ескалира конфликтот

Трамп вели дека разговарал со Путин