Утрински Весник
Економија

„Зегин“ потпиша Mеморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет во Скопје

„Зегин“ потпиша Mеморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет во Скопје

„Зегин“ и Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка во насока на унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности што се од заеднички интерес во научната и стручна дејност од областа на фармацијата.

dobivaj vesti na viber

Како дел од партнерската соработка е предвидена соработка со Центарот за кариера при Фармацевтскиот факултет со реализација на практикантство на студенти на Факултетот за времетраење на студиите, организирање и спроведување на апликативни проекти, разни едукативни активности, обуки, работилници, конференции и други форми на соработка, како и доделување на стипендии за студентите.

„Оваа соработка со Фармацевтскиот факултет ќе донесе многу придобивки како за студентите, така и за самата компанија Зегин, преку стекнување на нови практични знаења и подобрување на вештините на студентите, размена на идеи и приближување на иновативниот пристап на улогата која ја има фармацевтот во новите современи услови на делување”- изјави Викторија Механџиска – косопственик и член на УО на „Зегин“ групација.

ПР

Можете да прочитате

Се намалуваат цените на горивата

Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги

Дурмиши: Работиме на долгорочно решение за структурно и планско намалување на инфлацијата