Утрински Весник
Македонија

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Ucilnica.webp.webp

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст.

За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај.


Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование.

Пријавувањето е преку линкот https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според Конкурсот на МОН, првото ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата – на 18 јуни и 19 јуни.

Второто пријавување во јунскиот рок ќе се врши на 30 јуни, а документите ќе ги доставуваат следниот ден, 1 јули. 

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница