Утрински Весник
Македонија

Завршна конференција на ЕУ проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“

Ucenici 1.webp.webp

Завршна конференција за проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ финансиран од Европската Унија, а краен корисник е Министерството за образование и наука, ќе се одржи денеска во Скопје.

– Овој настан ќе ги нагласи клучните резултати, научените лекции и идните чекори за подобрување на квалитетот на образованието. Исто така, ќе обезбеди одлична можност за вмрежување и дискусии меѓу експерти, едукатори и креатори на политики, се наведува во соопштението.

Според агендата, на отворањето на конференцијата, ќе се обратат министерка за образование и наука Весна Јаневска, Стефен Худолин од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, директорот на проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ Николај Сапунџиев и тим лидерот на проектот Весна Јаневски.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“