На социјалните мрежи се појавија два наводни лекарски извештаи од Србија и Хрватска, во кои се опишани повредите со кои се здобиле две млади момчиња кои завршиле во Ургентен центар.
Еден белграѓанец по име Вељко завршил во ургентен центар поради песна на Шабан Шаулиќ. Имено, како што пишува во извештајот причина за посетата на лекар е „песната поради која скршил шише од главата“. Тој наведува дека се удрил со шише по глава бидејќи го погодила песната „Дојди да остариме заедно“ од Шабан Шаулиќ“, и тоа стои во описот како дошло до повредата.
Еден загрепчанец, пак, завршил во ургентен центар поради јагнешка коска со која го повредил окото. Имено, додека јадел самиот случајно се удрил во левото око.
„Денеска за време на ручек го удрило парче јагнешка коска во пределот на левото око. Држел мраз околу 20 минути, видот му е заматен, го гребе и има болки. Негира какви било други тегоби. Негира каква било алергија на лекови“, се наведува во извештајот.
Набргу по објавувањето на двата медицински извештаи, корисниците на социјалните мрежи масовно почнаа да споделуваат фотографии, најчесто со опис „Ќе живее овој народ додека има јагниња и песни на Шабан“.