Утрински Весник
Култура

Заврши третиот скопски поетски фестивал

Заврши третиот скопски поетски фестивал

Со соло концертот на гитара на Александар Бошков и гостинот Ади Имери синоќа заврши третото издание на Скопскиот поетски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Претходно се одржа и интернационалното поетско читање на кое настапија поетите Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Драгослав Дедовиќ (Србија), Ален Брлек (Хрватска) и Николина Андова Шопова (Македонија).

Настаните од фестивалот се одвиваа на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“, а настапија шест поети од странство и повеќе од 60 домашни поети пред публика од вкупно околу петстотини присутни.

Во програмата на фестивалот се одржаа неколку поетски читања, промоции на книги, изложба на фотографии, беа прикажани неколку поетски филмови, се одржа мастерклас, односно, работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација.

Можете да прочитате

„Лена и Владимир“ на Игор Алексов вечерва на свеченото затворање на „Браќа Манаки“

Изложба на уметникот Митко Панов во „Мала станица“

Премиера на современиот балет „Сага“ на 6 и 7 октомври во Националната опера и балет