Утрински Весник
Македонија

Заврши снимањето на краткиот филм „Време на заедништво“ со Јасна Ѓуричиќ во една од улогиᴛᴇ

Dsf1292 3 enhanced nr.jpg

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Време на заедништво“, во режија на Радован Петровиќ, а по сценарио на српската актерка и сценаристка Сунчица Милановиќ, додека продуценти на филмот се Тамара Ристоска и Петар Антевски.

Снимен во април 2025 во Скопје, овој независен филмски проект претставува креативна соработка меѓу млади филмски професионалци од Македонија и Србија, а неговата реализација беше поддржана од Факултетот за драмски уметности и локалната бизнис заедница од Скопје.


Во сржта на филмската приказна е едно семејство кое, на денот на погребот на својот најсакан член, се труди да ѝ го разубави денот на мајката што се соочува со Алцхајмерова болест. Двајцата браќа и сестрата организираат посебна церемонија како обид да воспостават близина и заедништво во мигови на длабока тага.

Главните улоги во филмот ги толкуваат младите актери од регионот: Тамара Ристоска, Милена Божиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ-Гргур и Александар Стоименовски. Талентираната актерска екипа ја надополнува и учеството на Јасна Ѓуричиќ – реномираната српска актерка и добитничка на наградата за најдобра европска актерка во 2021 година.

Особено внимание заслужува фактот што зад камерата стои млада и амбициозна македонска филмска екипа, предводена од директорот на фотографија Стефан Ѓоргиевски и креативниот тим кој го сочинуваат Александра Петкова (сценографија), Миа Ѓуровиќ (костимографија) и Снежана Ангеловска Живковска (шминка). Дел од овој филм е и српската продуцентска куќа „Вич Крафт“.

По финализирањето на постпродукцијата, филмот ќе започне фестивалска дистрибуција во земјата и надвор од неа.

Можете да прочитате

„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”

Сончево и топло до 38 степени

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност