Утрински Весник
Македонија

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Granica.webp.webp

Утрово во 6 часот заврши дводневниот штрајк на грчките цариници и со тоа влегувањето во Грција преку трите премини Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално.

Како што информираше началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, сообраќајот и преминувањето на границата со јужниот сосед се одвива тековно.

Вчера и завчера во целосен прекин беше товарниот сообраќај на сите гранични премини, а повремено се пропуштаа патници на Богородица и Дојран.

Можете да прочитате

Левица ја одржа 30та сесија на Централниот комитет

МАКЕДОНИЈА НА УДАР НА СИЛНО НЕВРЕМЕ: Громови и крупен град

Фирмата поради која е во притвор Богоев добила нов тендер од Царина вреден 420.000 евра