Утрински Весник
Балкан

Заврши протестот на студентите во блокада во Нови Сад

20260117200916 big 730x400 83.webp.webp

Протестот на студентите во блокада од Универзитетот во Нови Сад, одржан под мотото „Што значи победа?“ заврши вечерва од каде беше порачано дека по промена на власта во Србија ќе бидат неопходни – лустрација и донесување закон за потекло на имотот.На протестот присуствуваа неколку илјади луѓе и не беа регистрирани инциденти.

Студентите најавија дека на крајот на јануари ќе организираат форуми низ цела Србија каде што ќе ја презентираат својата програма.

Тие претходно најавија дека со тој собир ќе почне нова фаза од нивното движење и дека ќе бидат презентирани некои од нивните идеи за „ослободување на институциите“, како и понатамошните акции што ги планираат. Протестот е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори што беше спроведена кон крајот на минатата година и кога беа собрани околу 400.000 потписи.

Можете да прочитате

Пронајден мртов исчезнатиот германски турист во близина на грчкиот остров Сими

САД го ратификуваа договорот за заем од 302  милиони долари со Албанија

Во Црна Гора нема да се гради прифатен центар за мигранти од земјите на ЕУ