Утрински Весник
Македонија

Заврши дводневниот стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“

20251130193504 big 730x400 2.webp.webp

Скоро 200 учесници од разни земји меѓу кои и од повеќе градови од Македонија преку онлајн цртање од дома во изминатите два дена земаа  учество на 16-тиот по ред регионален стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“. Овогодинешната тема е ПЛАН Б и истата беше дадена непосредно пред почетокот на акцијата.

Томе Трајков, стрип-промотер од Велес,  потсети дека македонските стрип автори своето учество го започнаа од 2023 година  преку онлајн цртање од дома. Тој уште еднаш го изразува задоволството што стрип-соработниците и пријатели од Хрватска уште од 2023 година бргу ја прифатиле неговата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип-автори. 

Mанифестацијата  започна  на 29 ноември од 12 часот и траеше 24 часа до недела 30 ноември во 12 часот. Учесниците цртаа во живо во определени пунктови во градовите: Подгорица, Госпиќ, Херцег Нови, Сомбор, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб, а од оваа година цртање во живо се спроведе и во Base 42  – Скопје (благодарение на  колегите собрани околу СТРИП ТРИП Фестивалот).

Стрипови се објавуваа на платформата https://www.24satnocrtanjestripa.com

Можете да прочитате

Доживотен затвор за убиецот од Штип: Судот не поверува во смената на исказот на Денис Асанов

Лицата без лични документи ќе добијат електронско здравствено досие преку „Мој термин“

Хоџа најави еколошки систем за греење во тетовската клиника