Утрински Весник
Македонија

Завршија проверките во училиштата во Кавадарци, дојавите за бомбите биле лажни

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информираше дека се направени сите потребни проверки по денешните дојави за бомби за училишта во Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

„Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Од полициски службеници беа преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.

За заканите за поставени експлозивни направи во образовните установи полицијата беше информирана утрово во 7 часот. Заканите стигнале на електронските адреси на две средни и три основни училишта во градот.

Можете да прочитате

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање