Утрински Весник
Македонија

Затвореник од „Идризово“ излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувалница

Idrizovo.jpg

Затвореник од „Идризово“, кој бил пуштен на викенд-отсуство, вчера се обидел да ограби спортска обложувалница во Центар.

Според информациите од МВР, тој бил фатен од полицијата околу 17:00 часот. Се работи за Д.С., 43-годишник од Гостивар.

– Тој се сомничи дека околу 16:45 часот, со закана, се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар, во Скопје – велат од МВР.

Мажот бил вратен во затворот и, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти