Утрински Весник
Македонија

Савески на средба со претставници на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал

20260928 131023 1 2048x946 1.jpg

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ги прими во работна посета претставниците на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC), со кои разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе специфични области од областа на борбата против прекуграничниот криминал, размената на информации и спречување на илегалната трговија со дрога и луѓе.

На средбата со Данило Рици, регионален претставник на УНОДЦ за Југоисточна Европа, Украм Насиров, шеф на Програмската канцеларија во земјава и Стојна Атанасовска Димишковска од Канцеларијата на УНОДЦ беа договорени специјализирани обуки за јавните обвинители во сферата на искористување на вештачката интелигенција во борбата против криминалот, спречување на трговијата со нови видови наркотици, како интензивирање на регионалната соработка за поефикасен прогон на прекуграничен криминал по должината на Коридорот 8.


Во следниот период ќе продолжи интензивна координација со цел операционализирање на сите аспекти на ваквата соработка.

Можете да прочитате

Приведени полски државјани – оштетиле воени магацини во Тетово

Дете со тешки повреди пренесено во болница, го удрила 70-годишна жена со возило

Oтворил резервоар од „порше“ и ставил непозната течност, кривична за Србин