Утрински Весник
Балкан

Застрелана во нога девојка среде Башчаршија

Bascarsija pukanje.jpg

Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска во пукотница во центарот на Сараево, а маж на 30 годишна возраст кој отворил оган е уапсен, соопшти полицијата. Портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ изјави дека пукањето во Башчаршија се случило во 16 часот и 30 минути. -Пукањето се случило на раскрсницата на улиците Телали и Сафет-бег Башагиќ во сараевската општина Стари Град. Рането е женско лице (2001 г.), кое се здобило со повреди на десната потколеница и е пренесено на Клинички Центарот на Универзитетот во Сараево, каде и е укажана лекарска помош, изјави Мерсиха Новалиќ.

Можете да прочитате

Седум лица се борат за живот по синоќешниот пожар во Омиш

Страшен пожар во Омиш, Хрватска, изгореа куќи и автомобили

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар