Утрински Весник
Македонија

Заради политички мотиви на Владата 40 деца не можат да се сместат во новиот дел од градинката, вели градоначалникот на Росоман

20231101160109 big 730x400 37.webp.webp

Стојан Николов, градоначалник на општина Росоман реагира на известувањето од Министерството за финансии дека нема пари за да се стави во функција новиот објект од градинката кој е целосно опремен.

Според него ова еа чиста политика и кочење на неговата работа пред локалните избори, поради што 40 деца се уште се на листа на чекање, иако објектот може да биде во функција во секој момент и да ги згрижи.


„Жално е што Владата на ваков начин ги води политиките пред локалните избори. Локални избори не се добиваат врз грбот на децата и родителите. Локални избори се добиваат со многу работа и со чесност. Јас гарантирам, дека и без овие пари од Владата, јас ќе најдам начин новиот дел од градинката да биде отворен и 40 деца да бидат сместени“ велит тој.

Николов додаде и дека дека во февруари пак, добил допис со кој општината е известена дека парите биле обезбедени од Буџетот е дека за работи за над 2,4 милиони денари.

Можете да прочитате

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот