Утрински Весник
Македонија

Одреден куќен притвор за Нино Васев

Nino vasev.jpg

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои:

Против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство.


Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Можете да прочитате

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?

Побаран притвор за 20-годишник: Удрил дете во глава пред „Јане Сандански“, тоа се онесвестило

Јахији од ДУИ победил во Брвеница со стотина гласа предност