Утрински Весник
Спорт

Започнува нокаут фазата на Европското првенство

Itali 1.jpg

Репрезентациите на Швајцарија и Италија го играат првиот дуел од осминафиналето на Европското првенство во Германија.

По три кола и вкупно 36 одиграни натпревари, следува нокаут фазата на Европското првенство. Носење или пакување куфери.

Осминафиналето го отвораат Италија и Швајцарија, селекции со богата традиција на меѓусебни дуели и чести средби во претходните години. Пребројувајќи ги пријателските и официјалните натпревари, Италија забележа 29 победи, наспроти девет од Швајцарците со дури 24 нерешени.

„Азурите“ секогаш во свој стил. Речиси неизвесен старт во групата Б со постигнување соодветни резултати во дуелите во кои се очекуваше. Со поголема или помала мака беше избегнато негативното изненадување.

Рекордниот гол на Недим Бајрами во 23. секунда навистина ја отвори мрежата на Донарума, но не го поколеба остатокот од тимот. Италијанците брзо возвратија со пресврт, го „заклучија“ дуелот и ги добија очекуваните три бода.

На тимот на Мурат Јакин, полн со искусни и добро координирани поединци од ерата на Владимир Петковиќ на клупата, не им е непознато да приредат сензација во осминафиналето на едно големо натпреварување.

На последното ЕП ги елиминираа тогашните светски шампиони Французите по изведување пенали, што беше првокласно изненадување. Имаат континуитет на пласман во нокаут фазата, со помалку или повеќе успех и знаат да играат вакви дуели.

Одлучно тргнаа во групата А, со победа од 3:1 над Унгарија, директен конкурент за втората позиција.

Се очекува дуел на две многу цврсти и дисциплинирани екипи.

Нема да биде чудно доколку видиме продолженија и пенали. Поедникот вкрстува со подобриот од дуелот Англија-Словачка.

Можете да прочитате

Финалето на Купот на Америка започна со задоцнување од 1 час и 20 минути поради стампедо надвор од стадионот

Аргентина ја победи Колумбија и ја освои Копа Америка

Шпанија е европски првак