Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Започна субвенционирањето за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за социјално загрозените категории на граѓани

Започна субвенционирањето за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за социјално загрозените категории на граѓани
Img 7972

Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50% од вредноста на инвестицијата.

Како што извести Град Скопје, право на учество на Јавниот повик имаат социјално загрозени категории на граѓани, жители на градот Скопје, кои ќе ги заменат азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви, ги исполнуваат условите од Јавниот повик и ја доставиле потребната документација.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да поднесе пополнето барање, доказ дека припаѓа на една од социјално загрозените категории, нотарски заверена изјава, имотен лист, фотографија од постоечкиот азбестен покрив, договор со изведувач за замена на покривот, како и копија од трансакциска сметка, велат од Град Скопје.

Јавниот повик со сите услови и критериуми за аплицирање за субвенцијата, како и сите потребни документи кои треба да се достават со пријавата се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/media/9809/javen-povik-zamena-azbestni-krovovi-2023.pdf

Потребната документација, барателите ја поднесуваат до Комисијата преку Архивата  на Град Скопје (барака 16) во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина– Комисија  за доделување на субвенции за замена на азбестните покриви, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 08:30 – 15:00 часот.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавување до 31 август 2023 година или до исцрпување на средства предвидени за таа намена.

Можете да прочитате

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната касарна, нападнал полицајци при легитимирање

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта