Утрински Весник
Македонија

Запленети непријавени девизи на ГП Табановце

Devizi 410990.png
Dik 300x250 mk

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи.

-Лицето е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување. При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло, соопшти Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, додава Управата, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Можете да прочитате

По 20 години на политичката сцена Ахмети размислува за повлекување?

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари