Утрински Весник
Македонија

Запленети непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

Запленети непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

На граничен премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење, извести Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

– Имено, на 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство, се вели во соопштението на Царинската управа.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина