Утрински Весник
Македонија

Запленети 150 килограми марихуана – 24info.mk

Marihuana.jpg

Запленети се 150 килограми марихуана, и уапсени се три лица. При полициската акција, на регионалниот пат во близина на Свети Николе било запрено шлеп возило кое превезувало патнички автомобил полн со дрога.

Акцијата била реализирана на 26 јануари.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, по претходно добиени информации, го следел транспортот и навреме интервенирал. При контролата на возилото „опел комбо“, кое било шлепувано, полицајците пронашле осум торби со 50 пакувања марихуана, скриени во багажникот и на задната клупа.

Според истрагата, возилото било купено во Струга специјално за транспорт на дрогата, а потоа, поради тоа што не било во возна состојба, било ангажирано шлеп-возило за превоз до Скопје, а потоа и кон Свети Николе. Двајца од осомничените се движеле како „претходница“ во друго возило.

Можете да прочитате

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе

СДСМ: Владата го призна бизнисот со вода во време кога Гостивар се труе – поскапа од големопродажна цена