Утрински Весник
Економија

Раст на цените на нафтата поради тензии на Блискиот Исток и зголемена побарувачка во САД

Nafta 3.jpg

Цените на нафтата бележат раст на светските пазари, под влијание на зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток и сигналите за посилна побарувачка во Соединетите Американски Држави. На лондонската берза барелот нафта се тргуваше по 68,01 долар, што е раст од 44 центи, додека на американскиот пазар цената достигна 62,90 долари, или 51 цент повеќе од претходното затворање. Инвеститорите внимателно ги следат најавите за зголемено присуство на американски воени сили во регионот, по изјавите на претседателот Доналд Трамп дека американски воени бродови се движат кон Иран.

Иако Вашингтон испраќа сигнали дека е подготвен за разговори, тензиите дополнително ги подгреваат стравувањата од можна ескалација. Цените ги поддржаа и податоците за пад на нафтените резерви во САД, кои минатата недела се намалиле за 2,3 милиони барели, како и привременото намалување на производството поради бурата „Ферн“. Во меѓувреме, земјите од регионот, вклучително и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, порачаа дека не поддржуваат воена ескалација и повикаа на решавање на спорот со Иран преку дијалог.

Можете да прочитате

Лукаревска до Серафимовски: Граѓаните имаат право да знаат каква храна јадат, зошто го криете извештајот за „млечниот скандал? 

Познато е колку ќе се зголемат пензиите од овој месец

Гувернерот Славески на „Микробалканс 2026″: Иновациите треба да придонесат за поодговорно и поинклузивно кредитирање