Утрински Весник
Македонија

Запалена куќата на Александар Пандов: „Ова е цената за борбата против мафијата“

Img 8415.jpeg

Во скопското село Орешани е запалена куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Тој самиот ја објави веста преку социјалните мрежи, споделувајќи и снимки од целосно изгорениот имот.

Пандов тврди дека пожарот не е случаен, туку организиран напад од, како што наведува, криминалните структури погодени од борбата што институциите ја водат против мафијата.


„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците“, напиша Пандов.

Тој истакна дека ваквиот чин нема да го заплаши, туку само ќе ја зајакне неговата решеност да се бори против криминалот и корупцијата.

„Нема враќање назад кога се бориш за правдата. Криминалот се брани со насилство, но тоа нема да не запре — напротив, само не зајакнува! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас ќе продолжам таму каде што застанав, со уште поголема одлучност“, додаде тој.

Надлежните институции сè уште не излегоа со официјални информации за причините на пожарот и евентуалните осомничени, но јавноста очекува брза и темелна истрага.

Можете да прочитате

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави