Утрински Весник
Македонија

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијци 

Lefkov 2.jpg

Прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани, 

Дека Венко Филипче и талогот на СДС не се грижат за граѓаните и  државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите. 

Дата центрите или центри за податоци се тема на која талогот на СДС и Филипче се најдоа на различни страни и со своите сопартијци меѓу кои пратеници, како и со пратеникот од СДС и поранешен премиер Димитар Ковачевски. 

Значи и луѓе од СДС гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој. 

Остана само талогот од СДС и Филипче кои не сакаат развој на државата, а и се расправаат и со своите сопартијци. 

Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен.

Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни. 

За разлика од Филипче, кој покажува дека не се грижи ниту за граѓаните, ни за консолидирање на партијата која ја води, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи во корист на граѓаните и државата.

Можете да прочитате

Уапсен канадски државјанин, сакал да изнесе културно богатство од државата

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Тројца полицајци повредени во сообраќајка во Скопје