Утрински Весник
Спорт

Занети за Брозовиќ: За мене Интер секогаш беше пред парите

Занети за Брозовиќ: За мене Интер секогаш беше пред парите

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети, во интервју за „Марка“, изјави дека одлуката на Марцело Брозовиќ да замине во Саудиска Арабија е „лична одлука“.

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме, Брозовиќ за Интер одигра 330 натпревари, постигна 31 гол и забележа 43 асистенции, пред еден месец го нашушти клубот и потпиша за Ал-Наср.

„Многу е тешко да се зборува за тоа бидејќи тоа се чисто одлуки на играчите, а повеќе работи одлучуваат да одат таму. И јас бев во слични ситуации кога бев активен играч. Од Интер можев да одам во големи клубови, но за мене Интер секогаш беше пред парите. Неговите вредности и луѓе беа пред парите.

Сепак, тоа не мора да значи дека најлошиот избор е да се оди во Саудиска Арабија. Тоа се пред се лични одлуки“, заклучи Занети, кој го носеше дресот на Интер од 1995 до 2014 година.

Брозовиќ за Интер играше од 2015 година. Тој освои пет трофеи со „нероаѕурите“, вклучувајќи ја и Серија А во сезоната 2020/21. Минатата сезона играше со Интер во финалето на Лигата на шампионите

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига