Утрински Весник
Спорт

Занети: Преговарав со Меси, но не можевме да му парираме на ПСЖ

Занети: Преговарав со Меси, но не можевме да му парираме на ПСЖ

Потпретседателот на Интер Хавиер Занети изјави дека пред 18 месеци преговарал со Лионел Меси, но дека договорот не бил постигнат бидејќи италијанскиот клуб не можел економски да се натпреварува со ПСЖ и клубовите од Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Меси ненадејно ја напушти Барселона во 2021 година откако му истече договорот и како слободен играч се пресели во ПСЖ.

„Бев изненаден кога Меси ја напушти Барселона. Не можевме да се натпреваруваме со Пари Сен Жермен или со клубовите од Премиер лигата, но поради нашиот однос разговаравме кога имаше можност“, изјави Занети.

Интер го победи Милан со 1:0 во големото градско дерби во неделата, но се уште е втор на табелата со 13 бода помалку од лидерот Наполи.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам