Утрински Весник
Македонија

Заменик-претседателот на Владата Фетаи во официјална посета на САД

Arben fetai.jpg

Фетаи ќе оствари средби на високо ниво со претставници на американските институции, со претставници од системот на Обединетите Нации, како и со истакнати претставници на албанската заедница од Северна Македонија кои живеат и придонесуваат во САД.

Тој е веќе во повеќедневна официјална посета на Њујорк и Вашингтон. На конференцијата, Фетаи ќе ги презентира искуствата и заложбите на Владата на Република Северна Македонија во борбата против корупцијата, како и напорите за унапредување на транспарентноста и отчетноста.

Фетаи ќе присуствува на манифестациите организирани од албанските здруженија во Њујорк по повод ноемвриските празници. Предвидени се и други работни средби насочени кон продлабочување на билатералната соработка и меѓународна промоција на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалниот интегритет.

Можете да прочитате

Уапсен наставник во Скопје, вознемирувал ученичка

Ненад Савески е предлогот на Владата за нов државен обвинител

Собранието ја утврди потребата од носење на Законот за јавно обвинителство