Утрински Весник
Македонија

Почина британскиот драмски автор Том Стопард

18ff4d910cedae8e6e6069cb21af4163.jpg

Том Стопард, еден од најпознатите британски драмски автори, почина на 88 годишна возраст.

Тој беше добитник на Оскар и Златен глобус за најдобро сценарио за филмот „Вљубениот Шекспир“. Меѓу неговите најпознати драмски дела се „Вистинската работа“ и „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“.

„Тој ќе биде запаметен по неговите дела и нивната брилијантност и човечност, по неговите досетливост, великодушност и длабока љубов кон англискиот јазик“, објавија „Јунајтед ејџентс“.

Роден како Томас Штрауслер во Чехословачка, тој избегал од својот дом за време на нацистичката окупација и нашол засолниште во Велика Британија. Работел како новинар во Бристол во 1950-тите, по што станал театарски критичар и почнал да пишува драми за радио и телевизија. Се прославил во 1960-тите со драмата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“.

Можете да прочитате

Доживотен затвор за убиецот од Штип: Судот не поверува во смената на исказот на Денис Асанов

Лицата без лични документи ќе добијат електронско здравствено досие преку „Мој термин“

Хоџа најави еколошки систем за греење во тетовската клиника