Утрински Весник
Македонија

Закани кон семејството на Стевчо Јакимовски – ќе се оградат ли од ВМРО-ДПМНЕ?

FB IMG 1710268329240 1.jpg

По несекојдневната случка со Изводот од книгата на венчани на синот на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи се појавија и закани по животот на Јакимовски и неговото семејство.

Заканата ја сподели и Јакимовски прашувајќи дали Министерството за внатрешни работи ќе реагира и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се огради од заканувачите.

,,Ќе реагира ли МВР на овие закани кон моето семејство или Министерот Панче Тошковски го интересираат само плочките на тоалетите?

Кога се закануваат негови членови фаќа сеир или ги поддржува⁉️” пишува Јакимовски.

Можете да прочитате

Охриѓанец ги избркал од дома својата мајка и својата сопруга

Мицкоски: СДСМ шират лаги за да обезбедат алиби како да се задржи актуелното раководството после следниот изборен пораз

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, секој граѓанин се цени подеднакво