Утрински Весник
Свет

Захарова: Западот да го одврати Киев од опасните потфати

Захарова: Западот да го одврати Киев од опасните потфати

Марија Захарова – портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, денеска го повика Западот да го искористи своето влијание за да ја одврати Украина од плановите за употреба на т.н. валкана бомба.

dobivaj vesti na viber

„Го повикуваме Западот да влијае на неговите украински штитеници да го напуштат овој многу опасен и ризичен потфат. И не само овој, туку и сите оние зафати, активности и дејствија што може да се наречат нуклеарна уцена, бидејќи сето тоа води до неповратни последици и можна масовна смрт на невини цивили“ – рече Захарова на прес-конференција.

Таа оцени дека Киев користи „нуклеарна уцена“ за да добие поголема воена и финансиска помош од Западот, пренесува Захарова.

„Сосема е можно режимот во Киев да ја искористи оваа нуклеарна уцена за да обезбеди поголема финансиска и воена помош од Западот“, рече Захарова, пренесува „Танјуг“.

Таа смета и дека оваа помош не е помош за народот, ниту пак служи за одбрана на Украина, туку на претставниците на режимот бидејќи, како што вели, голем дел од овие средства веднаш одат на нивните приватни сметки.

Можете да прочитате

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати