Утрински Весник
Свет

Захарова: Терористите се мали деца во споредба со властите во Киев

Марија Захарова: Бараме да се запре со убиствата на цивили во Украина

Во споредба со режимот во Киев, дури и терористичките групи како Исламска држава изгледаат како мали деца, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

Советникот на шефот на кабинет на претседателот на Украина, Михаило Подољак, изјави дека причина за убиството на Денис Киреев, член на делегацијата на Киев на разговорите со Руската Федерација во март 2022 година, е „некоординација меѓу безбедносните сили“ на Украина.

„Членовите на Даеш (*организација забранета во Русија) се мали деца во споредба со режимот во Киев“, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот канал Телеграм.

Според украинските медиуми, Денис Киреев бил убиен додека бил приведен од припадници на Службата за безбедност на Украина.

Наводно, тој бил осомничен за предавство.

Можете да прочитате

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

НАТО: Поддршката за Украина продолжува