Утрински Весник
Спорт

Забавна егзибиција во Саудиска Арабија: Роналдо-Меси 2:1, ПСЖ-Ријад Ол-старс 5:4!

Забавна егзибиција во Саудиска Арабија: Роналдо-Меси 2:1, ПСЖ-Ријад Ол-старс 5:4!

Кристијано Роналдо и Лионел Меси уште еднаш се сретнаа, според многу показатели можеби последен пат во нивните кариери, откако на скапиот егзибициски меч во Ријад, Саудиска Арабија, Пари Сен-Жермен и покрај тоа што во поголемиот дел од мечот беа со 10 играчи стигнаа до 5:4 победа над саудискиот „Ол-стар“ тим. Роналдо постигна два гола, негови први по скапиот трансфер во Саудиска Арабија, додека Лео Меси постигна еден пред бучната публика жедна за големи фудбалски ѕвезди.

dobivaj vesti na viber

Само што почна мечот, Лео Меси уште во третата минута ги донесе француските шампиони во водство, но радоста траеше до 34. минута, кога беше досуден пенал, а Роналдо беше безмилосен против својот поранешен соиграч Кејлор Навас. Пет минути подоцна, Хуан Бернат успеа да добие директен црвен картон во пријателски меч по еден не толку пријатен старт, но во 43. минута, ПСЖ дојде во водство со голот на Маркињос. Полувремето донесе уште возбуди – беше досуден пенал за ПСЖ, но Нејмар упати еден очаен удар кој заврши во рацете на голманот. Во судиското продолжение, Роналдо го постигна својот втор гол, откако прво ја погоди стативата за 2:2 на полувреме.

Уште еден поранешен соиграч на Роналдо од Реал Мадрид, Серхио Рамос во 53. минута пак ги донесе ПСЖ во водство, за Кореецот Хјун-Су Џонг три минути подоцна да врати за 3:3. По уште еден пенал за ПСЖ, овојпат Мбапе во 60. минута го врати водството на францускиот клуб, за потоа тренерите да ги извадат од игра главните ѕвезди – Роналдо, Меси, Мбапе и Нејмар. Иго Екитике во 78. минута го потврди триумфот на ПСЖ, за Бразилецот Талиска во 93. минута со прекрасен гол да ги постави конечните 4:5.

Можете да прочитате

Шефот на Ла лига: Мбапе и Халанд може да дојдат во Реал, но не и во Барса

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Клоп за трошењето на Челси: Не кажувам ништо без адвокат!