Утрински Весник
Свет

Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Zaharova.webp.webp

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека руските вооружени сили вршат напади исклучиво на воени цели и објекти кои служат за поддршка на Вооружените сили на Украина (ВСУ).

– Сакаме уште еднаш да нагласиме дека руските вооружени сили гаѓаат исклучиво воени цели и објекти за логистичка поддршка на ВСУ. Штетата на цивилната инфраструктура е последица на дејствувањето на украинската противвоздушна одбрана и електронското војување, рече Захарова, пренесува Тас.


Претставник на руската дипломатска мисија при Европската унија беше повикан претходно денеска во Европската служба за надворешни работи, откако за време на ракетниот напад во текот на ноќта беше оштетена зградата на делегацијата на Европската унија во Киев.

Во нападот на Киев загинаа 19 лица, а 63 се повредени.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран